Велика Британија „недвосмислено го признава“ Николас Мадуро за претседател на Венецуела, иако не ја одобрува неговата влада, се слушна денеска во судот во Лондон во кој се води предметот за утврдување на судбината на златото на оваа земја вредно милијарда долари.
Австриската компанија за луксузен накит „Сваровски“ денеска најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.
Советот за човекови права на Обединетите нации денеска усвои резолуција во која 18-та година по ред се осудува Северна Кореја за кршење на човековите права.
Проценките на Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, дадени во неговите мемоари, а кои се однесуваат на рускиот претседател Владимир Путин, не можат да се сфатат како објективни, бидејќи е можно за нешто да се согласиме, но не и со се, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Компанијата „Волт Дизни“ соопшти денеска дека забавниот парк Дизниленд во Париз ќе биде отворен во фази, почнувајќи од 15 јули, неколку дена откако паркот повторно ќе се отвори во Соединетите Американски Држави.
Советот на Европска организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), како највисоко тело на организацијата, со претставници од 23 земји членки, едногласно усвои нова стратегија со која ќе се утврди иднината на физиката на елементарните честички во Европа во тековните глобални околности.
По скоро 100 дена од вонредната состојба воведена во Шпанија поради пандемијата на коронавирусот, која беше укината вчера, првиот ден од „новата нормалност“ беше обележан со повторно воспоставување на авиосообраќајот со земјите од шенген зоната, како и со метеж по плажите.
Археолози од Велика Британија открија праисториски споменик под земја, во близина на Стоунхенџ, и тврдат дека би можел да помогне во разоткривање на потеклото на мистичниот круг на камења во југозападниот дел на Англија.
Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе соопшти дали угостителскиот сектор ќе гпочне повторно со работење на 4 јули, како и дали под, одредени услови, ќе биде ублажена мерката за одржување физичко растојание од два метра.
Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти (93) денеска се врати во Ватикан од Германија, каде помина четири дена во посета на својот брат Џорџ Рацингер (96), кој е болен