Австриската престолнина Виена е прогласена за најзелен град во светот, според топ 10 листата на канадско-американската консултантска агенција „Резонанс“ за 2020 година
Папата Франциск во приватна миса, што се одржува секој ден и се пренесува на телевизија, истакна дека работодавците мора да ги почитуваат правата на работниците, особено на мигрантите и покрај економскиот пад предизвикан од пандемијата на новиот коронавирус
Израелската војска соопшти дека рано утрово нападнала три позиции на екстремистите на Хамас, како одговор на првото ракетирање од таа палестинска територија, по повеќе од еден месец
Со оглед на тоа што епидемијата на коронавирусот во Кина е под контрола, многу туристички места повторно се отворени и привлекоа голем број туристи за време на петдневниот празник по повод 1 мај, и во првите четири дена од празникот регистрирани се 104 милиони домашни патувања
Со маски и социјално дистанцирање, гимназијалците од завршните класови денеска се вратија во училиштата во Вухан, кинескиот град каде што започна епидемијата „Ковид-19“ кон крајот на минатата година, по што се прошири низ целиот свет
Во Јужна Америка и на Кариби денеска се забележани 15.000 смртни случаи од последици од новиот коронавирус, а Бразил е најтешко погодена земја со околу 8.000 починати лица
Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во иранската западна провинција Лорестан
Угостителските објекти во Швајцарија повторно ќе бидат отворени в понеделник, но гостите ќе мора да оставаат лични податоци
Неколку агенции на Обединети нации изразија загриженост поради илјадниците бегалци и мигранти кои се на море во Бенгалскиот Залив и во Андаманско Море
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата на коронавирусот во однос на смртност