Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, денеска изјави дека повлекувањето нс светот во протекционизам може да ги ослабне изгледите за глобално закрепнување во момент кога сè уште постојат шанси да се појават „уште понегативни сценарија“, во зависност од развојот на пандемијата.
Официјални палестински претставници денеска соопштија дека Израел ги присилува банките на окупираниот Западен Брег да ги затворат сметките на семејствата на затворениците во израелските затвори, со цел да ги спречат палестинските власти да обезбедат уплати со помош.
Иранските власти ги одобрија верските собирања во 180 градови низ земјата, проценувајќи дека е намален ризикот од ширење на коронавирусот, бидејќи дневниот број на нови случаи постојано опаѓа, пренесуваат британските медиуми.
Јужноафриканската Република (ЈАР) условно ќе ослободи околу 12 проценти од затворениците во обид да го спречи ширењето на новиот коронавирус во затворите, соопшти претседателството на земјата.
Кувајтската Влада денеска донесе одлука да воведе тотален карантин, што ќе почне од овој викенд, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, откако бројот на случаи во оваа заливска земја нагло се зголеми, јави ДПА
Жителите на Сингапур на задолжителното физичко дистанцирање од денеска ги потсетува и едно куче-робот, произведен од компанијата „Бостон дајнамикс“.
Во САД денеска се одбележува 75-годишнината од Денот на победата во Европа (Victory in Europe Day), сеопфатен сојузнички армиски пробив со кој по цена на десетици илјади загубени животи на американски војници, се стави крај на Втората светска војна на Стариот континент.
Здравствени експерти предупредуваат дека е можно зголемување на случаите на заразени со ХИВ, маларија и други болести во светот во следните неколку месеци, додека националните влади се преокупирани со борбата против Ковид-19, јави Си Ен Ен.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.971,558 лица. Од нив починале 273,792, а оздравеле 1.370,749 луѓе.