Грузија гневна го „врати својот амбасадор во Киев на консултации“ затоа што нејзиниот поранешен претседател Михаил Саакашвили стана советник на претседателот на Украина, каде живее во егзил и има државјанство од оваа земја.
Врховниот суд на Европската унија денеска соопшти дека е единствениот надлежен да одлучува дали телата на Унијата ги кршат регулативите на тој блок, во однос на позицијата на германскиот Уставен суд дека Европската централна банка (ЕЦБ) го надминува својот мандат со масовно купување обврзници.7
Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел по повод Денот на Европа изјави дека мирот и соработката се основите на ЕУ, но и нејзините односи со светот.
Италијанската Влада ќе инвестира најмалку три милијарди евра свеж капитал во авиокомпанијата Алиталиа, соопшти министерот за индустрија, Стефано Патеаненели, презентирајќи го планот за национализација на таа авиокомпанија.
Рускиот претседател Владимир Путин упати пораки до претседателот на САД, Доналд Трамп и до британскиот премиер Борис Џонсон по повод 75-годишнината од Втората светска војна.
Кина соопшти дека по „завршувањето на епидемијата“ ќе го поддржи создавањето комисија под агенда на Светската здравствена организација (СЗО) која ќе има за цел да даде оценка на „светскиот одговор” на коронавирусот, пренесоа светските агенции.
Пратеничката во претставничкиот дом на Конгресот на америкаската сојузна држава Мичиген, афроамериканката Сара Ентони на своето работно место пристигна во придружба на вооружена група, само неколу дена откако вооружени белци упаднаа во Конгресот во Ленсинг
Пазарот во кинескиот град Вухан одигра улога во избувнувањето на коронавирусот минатата година, како извор или евентуално како „засилувачко опкружување“, соопшти денеска Светската здравствена организација и повика да се направат повеќе истражувања
Австрискиот канцелар Себастијан Курц очекува договорот со Германија за отворање на заедничката граница да се постигне до почетокот на летото, мерка што беше воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот
Британската агенција за маркетинг „Редфилд енд Вилтон стратеџи“ спроведе анкета на интернет, според која, една петтина од Британците се двоумат дали намерно да се заразат со Ковид-19 за да добијат валидна потврда за имунитет