В понеделник, 11 мај ќе бидат објавени добитниците на Пулицерова награда за новинарство и уметност откако настанот беше откажан поради пандемијата со новиот коронавирус.
Пандемијата на коронавирусот доведе до зголемено производство и употреба на заштитна опрема направена од пластика, како што се маски, ракавици, заштитни одела и друга опрема, но активистите за животна средина сметаат дека тоа би можело да ги спречи нивните напори за намалување на загадувањето од пластичниот отпад.
Вториот круг на локалните избори во Франција, чиј прв круг се одржа на 15 март, можно е да се одржи на 21 или 28 јуни, најави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, оставајќи ја можноста во септември да има целосно прегласување
Таа истакна дека се пријавила за местото со цел да го поддржи Корбин, кој поднесе оставка од лидерската функција по дебаклот на декемвриските избори во Велика Британија
На 14 мај, првпат во историјата, НАТО ќе одржи видео конференција на началниците на генералштабовите за да го разгледаат влијанието на пандемијата врз воените активности на Алијансата, соопшти прес-службата на НАТО
Научници во Шкотска и Швајцарија развија нов, брз и прецизен тест на антитела на коронавирусот. Британската компанија „Којшнт“ (Quotient) соопшти дека секоја серолошка скрининг машина има капацитет до 3.000 тестови дневно и дава резултати за 35 минути со 99,8 отсто прецизност
Британскиот министер за меѓународна трговија Конор Барнс поднесе оставка, откако истрагата утврди дека ја злоупотребил службената должност со цел да заплаши едно лице кое имало финансиски проблеми со неговиот татко
Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција на болести Андреа Амон вели дека во ЕУ вирусот Ковид 19 го достигна својот врв и дека во повеќето земји-членки е во опаѓање
Француската Влада денеска се најде на удар од критики и прашања околу планот за постепено ублажување на мерките за изолација, најавен за 11 мај
Во Шпанија во април речиси немаше продажба на нови автомобили, бидејќи мерките против коронавирусот, кои беа едни од најстрогите во светот, ја блокираа шпанската економија, соопшти денеска Асоцијацијата на производители на автомобили „Анфак“