Коронавирусот не ги почитува границите, но не ги погодува сите групи на луѓе подеднакво. Различни фактори влијаат на ранливоста на различни групи, пишува Би-Би-Си и посочува дека некои од нееднаквостите ја вклучуваат и расата.
Екстремно ослабени од кризата предизвикана од новиот коронавирус, медиумите во Велика Британија стравуваат за нови жртви меѓу бројните локални печатени медиуми, при што некои ја повикуваат државата да собере пари од дигиталните гиганти за да им помогне.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 2.873.619 лица. Од нив починале 200.719, а оздравеле 823.306 луѓе.
Унгарија повторно и помага на Македонија. Во Будимпешта вчера пристигнаа 4 авиони со медициснка опрема и вентилатори од Кина, а во понеделник еден од авионите ќе биде претпратен во Македонија, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто.
Во текот на изминатите 24 часа во Франција починаа 369 лица од последици од новиот коронавирус Ковид-19, ова е најниска дневна бројка на смртни случаи од пред еден месец, јави дописникот на МИА.
Портпаролот на директорот на полските безбедносни сили Станислав Зарин денеска изјави дека земјата била на мета на „сложена операција на дезинформирање“, со цел да се ослабне сојузништвото помеѓу Полска и САД.
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти го разреши денеска својот советник Шкељзен Гаши, чија вчерашна изјава дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) вршела злосторства врз цивили предизвика бројни реакции во косовската јавност
Иранскиот претседател Хасан Рoхани денеска изјави дека Техеран внимателно ги следи американските активности, но оти никогаш не би почнал судир во регионот.
Кина испрати свој лекарски тим во Северна Кореја бидејќи севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во тешка здраствена состојба, објавија дел од западните медиуми.
Американските владини агенции и медицинските институции кои имаат клучна улога во борбата против новиот коронавирус се почесто се мета на хакерски напади, јави Си-Ен-Ен.