Падот на шведската економија би можел да предизвика најлоша рецесија од Втората светска војна, се наведува во денеска објавени владини прогнози. Според нив, намалувањето на БДП може да биде 10 проценти.
Економијата на Европската унија годинава би можела да се намали од 5 до 10 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон.
Поранешниот гувернер на Одеската област и поранешен претседател на Грузија Михаил Саакашвили го прифати предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја преземе функцијата вицепремиер за реформи во Владата на Денис Шмигал.
Велика Британија ги отфрли сите нови одложувања по процесот на излез од Eвропската унија. Ова го соопшти главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, на брифинг по рунда преговори за Брегзит, што се одвиваа од далечина.
Училиштата и детските градинки во Полска ќе бидат затворени уште еден месец, до 24 мај, изјави денеска полскиот министер за образование Дариуш Понтковски.
Во последните 24 часа во Шпанија починале 367 луѓе од коронавирусот, што е најмалку за еден месец, а вкупниот број на жртви од пандемијата во земјата изнесува 22.524, соопшти денеска Министерството за здравство.
Здравствените системи во земјите од Централна Америка, кои веќе се борат против пандемијата со новиот коронавирус, сега се соочуваат и со закана од епидемија на денга треска поради почеток на сезоната на дождови
Излезот од вонредните мерки поради коронавирусот во Италија ќе биде спроведен во четири фази, при што првата ќе почне в понеделник, 27 април, објавија италијанските медиуми, но Владата се уште нема ништо официјално соопштено
Ли Ситинг, претседател на компанијата „Шензен миндреј био-медикал електроникс“ е најбогатиот човек во Сингапур
Државниот секретар за внатрешни работи во француската влада Лоран Нуњез соопшти дека по насилствата забележани последниве денови во петнаесетина предградија доведоа до педесетина апсења