Бројот на нови инфекции од коронавирус мора да се намали на неколку стотина дневно за да може да се размислува за натамошни ублажувања на мерките, предупреди заменик шефот на германскиот Институт „Роберт Кох“, Ларс Шаде, додавајќи дека отсега секоја инфекција на органите за дишење мора да се тестира на коронавиру
Осумдесет земји и царински подрачја го забранија или ограничија извозот на заштитни маски, средства, ракавици и друга опрема, со цел да се намали недостигот за време на епидемијата ка коронавирусот, соопшти Светската трговска организација
Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца
Кина го отфрли повикот на американскиот државен секретар Мајк Помпео да им овозможи на меѓународни инспектори пристап до лаборатории за да се осигураат дека опасни патогени микроорганизми, како што е коронавирусот, не се случајно ослободени, објави Фокс Њуз
Канцеларијата за човекови права на Обединети нации упати апел до Владата на Мексико и до другите влади во Централна Америка да ја запрат депортацијата за време на пандемијата со новиот коронавирус
Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 воЕквадор е меѓу најголемитево светот и се претпоставува дека починале 15 пати повеќе луѓе отколку официјалната статистика
Невработеноста во Германија ќе се зголеми за околу 520.000 луѓе на над три милиони луѓе оваа година
Продажбата на мало во Велика Британија достигна рекордно ниско ниво во март, бидејќи скокот на продажбата на храна беше поткопан од остриот пад на продажба на облека и многу други производи, се вели во официјалните бројки објавени денеска
Две златни монети од времето на Римската Империја, се најдоа во кутија за донации на американската Армија за бездомниците во Тампа, Флорида, САД
Лекарите во САД открија дека ште еден симптом кај заболените од Ковид-19, што се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете