Во САД се врши истрага дали трејдери поседувале информации за преговорите меѓу земјите извознички на нафта од ОПЕК+ заработиле стотици милиони долари во незаконски шпекулации на ценовните варијации на нафтата.
Повеќе од 4,4 милиони работници во САД побараа надоместоци за невработеност минатата недела, со зголемување на отпуштањата во земја во која економијата е скоро во мирување, како резултат на мерките за спречување на коронавирусот, соопшти денеска Министерството за финансии.
Пандемијата на коронавирусот ги влоши страдањата на луѓето што бегаат од војна, конфликт и прогонство, и додека земјите се борат да ги заштитат своите популации и економии, им се заканува опасност за основните норми за бегалските и човечки права, соопшти УНХЦР.
Хакери поврзани со неонацисти украле речиси 25.000 лозинки за е-пошта од персоналот на Светската здравствена организација, Институтот Вухан и фондацијата Гејтс и ги користеле за „кампања за вознемирување“ со споделување теории на заговор за новиот коронавирус, објави Вашингтон пост.
Норвешкиот министер за сообраќај Кнут Арилд Хареиде отвори подводен тунел со сечење лента во неговата канцеларија.
Францускиот претседател Емануел Макрон, по денешната видео конференција на европските лидери, оцени дека европскиот одговор на хаосот кој го предизвика пандемијата на коронавирусот бара и финансиска помош, а не само кредитирање.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска најави дека наредните недели ќе бидат подготвени 18.000 волонтери задолжени да бараат луѓе кои имале контакт со заразени со коронавирусот.
Брачна двојка лекари подготвува тужба против Владата на Велика Британија поради препораките за употреба на опрема за лична заштита во болниците за време на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска адвокатската фирма Биндманс.
Лидерите на ЕУ кои повторно се состанаа денеска преку видеоконференција во обид да постигнат согласност за начинот на кој ќе си помогнат за излез од длабоката криза во која влегува Унијата не постигнаа конкретен компромис, топката е сега кај Европската Комисија.
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 516 нови смртни случаи од Ковид-19, јави дописникот на МИА.