Вооружена група убила најмалку 47 луѓе, меѓу кои жени и деца, во шест нигериски села. Нападот се случил откако локалното население добило помош за борба против новиот коронавирус.
Европскиот суд за човекови права го избра за свој нов претседател судијата Роберт Спано од Исланд, кој на таа функција ќе го наследи на 18 мај 2020, Линос-Алекснадар Сицилианос (Грција), јави дописникот на МИА.
Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека наредило илјадници војници да бидат ставени во двонеделен карантин поради коронавирусот, откако беше откажана големата парада на Црвениот плоштад во Москва, по повод Денот на победата.
Економијата на Шпанија може да забележи поголем пад поради пандемијата отколку по последиците од финансиската криза, предупреди Централната банка.
Премиерот Ксавиер Бетел изјави дека Луксембург има залихи од 6-7 милиони маски.
Членовите на австриската Влада, како знак на единство, ќе донираат по една нето месечна плата на избрани организации, соопштија денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц и вицеканцеларот Вернер Коглер.
Дел од учениците во Германија почнаа да се враќаат во училниците, јави ДПА.
Во хостел во Лисабон во кој се сместени баратели на азил, 138 од 175 лица се заразени со новиот коронавирус.
Во Вилнев ла Гаран, предградие на Париз втора ноќ по ред има судири помеѓу полицијата и група млади лица.
Сопствениците на некои плажи во Италија почнаа да ги местат лежалките во пресрет на новата летна туристичка сезона, јави дописникот на МИА.