САД се загрижени за заканата од компјутерски напади против здравствениот сектор во Чешка, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео, додавајќи дека секој што е вклучен во таква активност „треба да очекува последици“
Залихите на заштитни одела се при крај во болниците низ Велика Британија и тие би можеле да останат без нив до крајот на денот или викендот, објави „Гардијан“
Премиерот на Канада, Џастин Трудо соопшти синоќа дека 125 војници ќе и помогнат на покраината Квебек, силно погодена од новиот коронавирус
Од избувнувањето на глобалната пандемија на коронавирусот вестите речиси на сите медиуми низ планетата опфаќаат голем број стручни медицински термини
Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендрју Куомо изјави синоќа дека му е потребна помош од федералната Влада за да ги прошири тестирањата и да ја отвори економијата на државата. Тој ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека не успеале да му ги обезбеди средствата што му се потребни
Светската здравствена организација (СЗО) не е сигурна дали присуството на антитела во крвта обезбедува целосна заштита од повторени инфекции со новиот коронавирус, изјави Мајк Рајан, еден од највисоко рангираните експерти во организацијата
Италија синоќа соопшти дека бројот на жртви од Ковид-19 во рок од 24 часа бил 2.563. Тоа е рекорд од почетокот на пандемијата во земјата во која од вирусот починаа речиси 23.000 луѓе
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.227.622 луѓе. Од нив, починати се 150.623, а оздравеле 563.771 луѓе.
Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починале 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.769, јави агенцијата Анадолија.
Франција денеска соопшти дека засега нема докази за поврзаност меѓу новиот коронавирус и работата на истражувачката лабораторија П4 во кинескиот град Вухан.