Според Здравственото осигурување бројот на посетите на кабинетите на општите доктори и специјалистите, се намалил за дури 40 проценти, вклучувајќи ги и телефонските консултациите.
Телефонскиот разговор доаѓа откако американскиот претседател, Доналд Трамп најави замрзнување на фондовите од САД за СЗО.
Француските сили на редот за еден месец од стапување во сила на ограничувачките мерки за движење, извршиле над 12,5 милиони проверки, притоа изрекле 762.106 казни за непочитување на мерките.
Студија за примероци од холандски донатори на крв покажа дека околу три проценти од нив развиле антитела кон новиот коронавирус, што укажува на процентот од населението кое веќе се заразило со оваа болест, соопштија холандските здравствени власти во четвртокот.
Мерките на ограничување за запирање на ширењето на коронавирусот, кои скоро ја запреа европската економија, преку додатните анализи на Европската вселенска агенција (ЕСА), покажуваат дека тие доведоа до ниско ниво на концентрација на азот диоксид низ цела Европа.
Инвестиција во Унгарија сред пандемија со корона вирус. Данскиот производител JYSK во Унгарија инвестира во висина од 65 билиони форинти односно 184.8 милиони евра и отвара 300 нови работни места изјави Петер Сијарто, министерот за надворешни работи.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.143.703 лица. Од нив починати се 143.258, а оздравеле 540.067 луѓе.
Во заедничката изјава се вели дека овие организации, заедно, опфаќаат 57 земји од Северна Америка, Европа и Централна Азија и население од над една милијарда граѓани.
Италијанската полиција заплени околу 400.000 медицински маски, што илегално биле увезени од четворица кинески бизнисмени.
Во Италија 2.867 жени од почетокот на карантинот поради пандемијата на Ковид-19 се обратиле во центрите за борба против насилство во семејството, што е пораст од 74,5 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Мрежата центри за борба против насилство (ДиРе).