Кремљ одлучи парадата на 9 мај да ја одложи за подоцнежен датум, кој веројатно ќе биде познат следните неколку дена или уште денеска, изјавиле извори за Би-Би-Си
Тоа што Вашингтон одбива дијалог со Москва за прифаќање на заложбата дека нема први да испратат оружје во Вселената, можеби укажува на тоа дека САД имаат поинакви планови, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, коментирајќи ги тврдењата на САД дека Русија тестирала анти-сателитска ракета
Половина од новозаразените лица со Ковид-19 во Москва се луѓе под 45 години, објави денеска Московскиот кризен центар
Поради епидемијата на коронавирусот словенечката Влада донесе одлука да ја продолжи важноста на возачките дозволи до 17 јуни
Пандемијата на коронавирусот го принуди гувернерот на американската сојузна држава Џорџија, Брајан Кемп, да го измени законот од 1951 година, што се однесува на Кју Клукс Кланот, чии членови ширум светот под препознативи маски покрај другото ги линчувале ослободените робови
Израелскиот претседател Рувен Ривлин побара од Кнесетот да избере нов премиер и им даде на пратениците три недели за да се договорат за лидер
Во Либија во последните неколку дена се интензивираат судирите меѓу двете завојувани страни, додека во земјата расте стравот од последиците од ширење на коронавирусот
Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер го критикуваше недостигот на договор на европско ниво за прекуграничен товарен транспорт, затоа што на границите се формираат големи колони камиони
Кина денеска соопшти дека го почитува мораториумот за нуклеарни тестови, откако Стејт департментот сугерираше дека Кина можеби спровела таен подземен нуклеарен тест на ниско ниво
САД сметаат дека Русија извршила експерименти поврзани со нуклеарното оружје, што предизвикале ослободување нуклеарна енергија, се наведува во изештај на Стејт департментот, што му е доставен на американскиот Конгрес