Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори, со строги ограничувања воведени низ целата земја поради епидемијата на коронавирусот
Бројот на починати од коронавирусот во Њујорк, најголемото жариште во САД, ја надмина бројката од 10.000, откако здравствените власти додадоа повеќе од 3.700 лица за кои се сомнева дека починале од Ковид-19, но не биле тестирани
Канада денеска регистрира 27.036 потврдени случаи на коронавирусот, и 952 починати, соопшти главниот канадски службеник за јавно здравје Тереза Тем и додаде дека половина од смртните случаи се поврзани со установи за долгорочно згрижување на стари лица
Во Чиле ќе бидат помилувани околу 1.300 затвореници со висок ризик од заразување со коронавирус, откако Уставниот суд го одобри специјалниот закон, што владата го испрати на одобрување до претседателот Себастијан Пинера
Социјалното дистанцирање во Америка би можело да трае до 2022 година, тврдат научници од универзитетот Харвард
Германската Влада денеска треба да ја разгледа можноста за ублажување на мерките воведени во борбата против коронавирусот
Еден 99-годишен ветеран од Втората светска војна стана најстариот Бразилец што се излечи коронавирусот, јавуваат локалните медиуми
Според Андрес Тегнел од Агенцијата за јавно здравје, вчера се пријавени 114 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 1.033
Лидерите на ривалските партии во Ирска, Фијана Фол и Фине Геил, пр пат во историјата постигнаа договор заедно да владеат со земјата доколку добијат дополнителна поддршка за формирање коалиција, два месеци по изборите кои ги засени пандемијата на Ковид-19
Њујоршката државна обвинителка Летиција Џејмс ја тужи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради федерална одредба со која, како што наведе, нелегално се ограничува платеното боледување за работниците кои биле заразени со коронавирусот