Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава излезе на гласање на општите избори во земјата, втори годинава, и притоа предупреди дека ќе има тесна трка за победа, јави ДПА
Експлозија избувна во италијанската рафинерија за нафта во градот Саназаро де Бургонди, пишува весникот „Кориере дела сера“
Потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс, изјави дека шеесет отсто од мигрантите во ЕУ не се бегалци, туку економски мигранти
Анкара е подготвена да почне операција против курдската милиција во безбедносната зона во североисточна Сирија во рок од две недели, освен ако не се преземат конкретни активности заедно со САД, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Шеснаесет членови на една банда се уапсени, а 51 куче е спасено во истрагата за кражба на илјадници кучиња низ северен Виетнам, соопшти денеска полицијата, а пренесе ДПА
Портпаролот на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, Турки ал-Малики изјави дека нападите врз постројките и комплексите на саудиската нафтена компанија Арамко биле извршени со иранско оружје вон територијата на Јемен
Иран никогаш нема да преговара со САД и политиката на Вашингтон темелена на „максимален притисок“ врз Техеран ќе пропадне, изјави денеска иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи
Американскиот претседател Доналд Трамп остана на ставот дека Иран стои зад нападот во Саудиска Арабија, но истакна дека ска да избегне судир и оти треба да се почека додека не се дознае сигурно кој е извршителот
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе го почитува законот, но и покрај тоа Обединетото кралство ќе го извади од Европската унија на крајот од октомври, со или без договор, пренесоа британските медиуми
Еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром, изрази загриженост дека е можна нова трговска ескалација помеѓу Брисел и Вашингтон, овој пат поради спорот околу Ербас и Боинг