Пикот на кризата со новиот коронавирус во САД би можел да се случи оваа недела. Тоа го нагласи денеска водечки експерт за здравство, укажувајќи на знаци на стабилизација низ целата земја.
Морнар од американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ почина денеска од компликации со Ковид-19 на островот Гуам во Пацификот, каде беше вкотвен делумно евакуираниот брод со заразени со коронавирусот, соопшти американската морнарица.
Експертот за инфективни болести и член на координативното тело за борба со коронавирусот на Белата куќа, д-р Антони Фаучи, синоќа за Си-ен-ен предупреди дека има „исклучително голем ризик“ од натамошно ширење на коронавирусот доколку САД ја отворат државата од 1 мај.
Во текот на изминатите 24 часа, во Велика Британија се направени 18.000 тестови.
Работниците во градежниот и индустрискиот сектор во Шпанија од денеска се вратија на работа откако најновите податоци покажаа мал пад на бројката на новозаразени лица со Ковид-19.
Студијата изработена од Институт за епидемиологија и јавно здравје на Пјер Луис, Инсдерм и Универзитетот за медицина на Сорбона, укажува дека само повлекувањето на мерките за ограничување, без строги мерки за тестирање и изолација ќе бидат неефикасни, јави дописникот на МИА.
Пратениците во германскиот Парламент ќе се откажат од редовното зголемување на платите оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер укажа на недоволната солидарност меѓу северните и јужните членки на ЕУ во кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
Јужнокорејската компанија Киа Моторс го извести синдикатот дека планира да ја прекине работата во своите три фабрики во земјата, поради намалениот извоз во Европа и САД предизвикан од пандемијата на коронавирусот.
Јапонската Влада соопшти дека не постојат причини за воведување вонредна состојба надвор од Токио и уште неколку други градови.