Јапонски суд денеска одлучи дека тројца поранешни директори на компанијата Токио Електрик Пауер не се виновни за професионална негрижа во несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година
ЦИА пред две години повлече од Москва двајца врвни агенти. Каков им е животот потоа? Крис Коста, поранешниот советник на Доналд Трамп и добар познавач на тајните служби, раскажува за малку гламур, а многу подеми и падови.
Партијата на Зелените во Европскиот Парламент најави дека е подготвена да преговара со владејачката италијанска „Пет Ѕвезди“ за приклучување во нивната група
Амбасадорот на Полска во Лондон, Аркади Жегоцки ги повика своите сонародници, кои живеат во Велика Британија да размислат сериозно за враќање во татковината по Брегзит поради евентуални административни компликации
ЕУ мора да воведе нов, автоматски систем за прием на мигранти спасени во Медитеранот, изјавија лидерите на Италија и Франција, Џузепе Конте и Емануел Макрон
Крајбрежната стража на Малта денеска спаси 45 мигранти од еден брод во Средоземно Море откако бил испратен сигнал за помош.
Најмалку 27 луѓе загинаа, од кои поголемиот број деца при пожар во училиште во главниот град на Либерија, Монровија.
Претставник во кабинетот на премиерот на Израел, денеска изјави дека Бенјамин Нетанјаху нема да присуствува на овогодинешната седница на Генералното собрание на Обединети нации во Њујорк.
Експерти на ОН се упатија во Саудиска Арабија за спроведување меѓународна истрага за неодамнешните напади врз нафтени постројки во земјата, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Пакистан го одби барањето индискиот премиер Нарендра Моди да помина низ воздушниот простор на земјата на лет за Германија, соопшти денеска шефот на пакистанската дипломатија Шах Мехмуд Куреши.