Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Иран е против турска воена акција во Сирија
Компанијата „Пацифик гас и електрична енергија“ соопшти дека оваа недела речиси два милиони луѓе во 30 окрузи во Калифорнија би можеле да бидат без електрична енергија поради силни и суви ветрови кои можат да предизвикаат пожари
Министерството за одбрана на САД ја отстранило Турција од учество во воздушна мисија во Сирија, предводена од Центарот за заеднички воздушни операции
Италијански суд ги прогласи родителите на поранешниот премиер Матео Ренци за виновни за издавање лажни сметки и ги осуди условно на една година и девет месеци
Во првите девет месеци од годинава во германија азил побарале помалку луѓе во споредба со лани, јави ДПА
Во Ирак повторно е овозможен пристап до Интернет, кој беше прекинат уште од 2 октомври по антивладини протести во главниот град Багдад и другите градови на југот
Американски официјални претставници презедоа мерки за безбедност за да заштитат припадник на разузнавачката служба, односно свиркачот чија изјава минатата недела предизвика процес за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп
САД имаа ставија 28 владини и трговски организации во Кина на црната листа, соопшти американското Министерство за трговија
Најмалку 17 лица се повредени кога неидентификуван маж удри во неколку возила во центарот на Лимбург, Германија со украден камион, соопшти локалната полиција
Германската полиција објави дека на стотици корисници на електрични тротинети им ги одземале возачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест