Северна Кореја ги предупреди САД, Велика Британија, Франција и Германија дека со отворањето на прашањата за севернокорејските ракетни проби во Советот за безбедност на ОН дополнително би се поттикнала желбата на Пјонгјанг да го брани својот суверенитет.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „ќе ја уништи економијата на Турција доколку Анкара направи нешто во Сирија, за кое тој во својата “голема и неспоредлива мудрост“, ќе се сфати дека е дејствување „надвор од границите“, пренесе ДПА.
Американскиот Сенат ќе бара да се санкционира Турција, па дури и да ја суспендира земјата од НАТО ако ја нападне североисточна Сирија и тамошните курдски сили, изјави денеска сенаторoт Линзи Греам, кој, како и претседателот Доналд Трамп, е од Републиканската партија.
Додека Конгресот се подготвува да испита нови сведоци во рамки на истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп, се вжештуваат односите меѓу конгресмените демократи и претседателот кои викендов разменија серија обвинувања.
На 7 октомври 2001 година САД првпат ги нападнаа талибанците во Авганистан поради нивното одбивање да го испорачаат Осама бин Ладен, „мозокот“ на терористичките напади на 11 септември во САД, при што загинаа 3.000 луѓе.
Германија бележи рекорден извоз на оружје и оваа година тој би можел да го надмине продаденото количество на оружје од 2015 година, соопшти германската Влада.
Шкотскиот суд го отфрли денеска барањето од активисти кои бараат донесување наредба, со која ќе се принуди британскиот премиер Борис Џонсон да бара одложување на Брегзит доколку не постигне договор со ЕУ за помалку од две недели.
Не се плашам да размислувам за идејата за квоти, изјави премиерот Едуард Филип во Националното собрание, на почетокот на расправата за имиграцијата, јавува дописникот на МИА.
Именуваниот шеф на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел своето прво обраќање пред Европскиот Парламент го започна со Западен Балкан.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја повика Европската унија детално да го изнесе својот став за неговиот план за Брегзит, изјавувајќи дека тој веќе направил „голем компромис“ за постигнување нов договор.