Вакцината против коронавирусот ќе биде достапна многу скоро, а рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, за Дојче Веле тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк.
Нов случај на ебола е откриен на истокот на Демократска Република Конго, на повеќе од шест недели по последниот забележан случај, соопштија властите во оваа африканска земја.
Светската здравствена организација (СЗО) ги истражува причините за масовното заразување на медицински персонал со коронавирус во повеќе држави од светот.
Во време на епидемија на коронавирус во САД, рејтингот на претседателот Доналд Трамп се искачи на максимално ниво по стапувањето на функција, иако неговата работа ја одобруваат само половина од Американците, се дознава од најнова анкета закажана од Фокс њуз.
Либанската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 25 тони хашиш во пристаништето во Бејрут, а дрогата била наменета за африканска земја.
Согласно договорот на Организацијата на земјите извознички на нафта плус Русија, ОПЕК+, Мексико се согласи да го скрати вадењето на сурова нафта во износ од 100 илјади барели дневно, наместо побараните 350 илјади барели дневно, јавија светските агенции.
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани нови 987 смртни случаи, од кои 554 во болниците и 433 во старските домови, со што вкупниот број достигна 13.197 од почетокот на епидемијата.
Британскиот премиер Борис Џоснон ќе има потреба од подолго лекување за да се заздрави од коронавирусот и подготвен да се врати на работа, изјави денеска неговиот татко, Стенли Џонсон, цитиран од американските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека наскоро повторно ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп за соработката во борбата против пандемијата со коронавирусот, како и за последиците врз светската економија.
Научно-истражувачкиот институт на професорот Дидие Раул во Марсеј на интернет го објави резимето на новата студија во која се спомнуваат заслугите на хидроксихлорокин против коронавирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинската сфера.