Во централна Сирија повторно почнаа борби откако милитантите на Исламската држава ги нападнаа владините сили во провинцијата Хомс, соопшти денеска сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, јави ДПА.
Началникот на Националната разузнавачка служба на Ирак, Мустафа ал Кадими денеска е именуван за мандатар за состав на владата, трет кандидат за еден месец, бидејќи претходно предложениот се повлече во услови на политички судири.
Борисов, исто така, денеска ги повика Бугарите да останат дома и оттаму да се молат. Мисите во поголемите цркви ќе бидат пренесувани во живо на државната телевизија.
Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска го одобри барањето на владата за продолжување на вонредната состојба до 26 април заради ширењето на коронавирусот, пренесоа светските агенции.
Британскиот премиер Борис Џонсон веќе не се наоѓа на Одделот за интензивна нега на болницата „Сент Томас“ во Лондон, изјави неговиот портпарол, пренесоа британските медиуми.
Британскиот премиер Борис Џонсон немал никаков контакт со својот заменик, шефот на британската дипломатија Домниник Раб, откако тој ја извршува неговата премиерска функцијата, изјави денеска Раб и додаде дека има доволно моќ да ги донесе склучните одлуки во негово име и без него.
Во Франција досега се регистрирани 12.210 смртни случаи на Ковид-19, а уште 30.000 лица се наоѓаат на болничко лекување, јави дописникот на МИА.
Путин истакна дека има голема меѓународна конкуренција во сферата на воено-техничката соработка, а дека ширењето на епидемијата на коронавирусот, што пак влијае врз глобалната економина, создава дополнитени ризици, пренесе Тасс.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека најновите бројки за заразени со коронавирусот даваат надеж, но првенствено поради претстојниот Велигден предупреди дека тоа што е постигнато може брзо да се уништи.
Од Ковид-19 во Италија досега починаа сто лекари, соопшти здружението на лекари.