Германската Влада во услови на пандемија од коронавирусот одлучи да го отежне преземањето на германските компании за инвеститорите кои се надвор од Европската унија, а воедно дала согласност нереализираните услуги кон потрошувачите место во пари да се враќаат во бонови.
Германскиот автомобилски гигант БМВ соопшти дека е подготвен да започне производство на медицински маски, изјави генералниот директор на компанијата Оливер Ципсе по средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер во Минхен.
Италијанските пристаништа не можат да се сметаат за безбедни поради епидемијата на коронавирусот и нема да дозволат впловување на хуманитарни бродови со мигранти, одлучи Владата во Рим.
Националната банка на Австрија (ОеНБ) денеска соопшти дека пандемијата од коронавирусот досега домашната економија веќе ја чини 11 милијарди евра.
Германија следната недела ќе ги прими првите 50 малолетни бегалци кои моментално се наоѓаат на еден од грчките острови, соопшти денеска германската Влада, која се подготвува да прифати 350 до 500 малолетни бегалци во првата фаза.
Дневниот процент на зголемување речиси е двојно помал од крајот на март за околу пет отсто.
Употребата на режимот за привремена невработеност го побарале 586.000 претпријатија и здруженија за 6,3 милиони свои вработени, 500.000 повеќе од пред два дена, што претставува рекордна бројка, јави дописникот на МИА.
Џонсон (55) вчера примал кислород, но не бил приклучен на респиратор.
Ширењето на епидемијата во Чешка е забавено поради што министерот за здравство Адам Војтех изјави дека е сигурен оти земјата спречила неконтролиран скок на заболени и најави намалување на карантинските мерки.
Организациите за заштита на човековите права, меѓу нив и македонската ХЕРА, потпишаа повик до владите ширум Европа да обезбедат сигурен и брз пристап до абортус за сите жени и девојки за време на здравствената криза, јави дописничката на МИА од Брисел.