Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата за ситуацијата со новиот коронавирус, јави француското радио „Европа 1“
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство
Британскиот министер за животна средина Мајкл Гов изјави денеска дека ќе биде во самоизолација, бидејќи еден член од неговото семејство има симптоми на Ковид-19
Властите во Париз денеска донесоа уредба со која се забранува џогирање преку ден за да се намали контактот меѓу луѓето и да се спречи ширењето на коронавирусот
Граѓаните на Руанда денеска, поради мерките за заштита од коронавирус, нема да ја одбележат 26-годишнината од геноцидот во кој настрадаа повеќе од 800.000 жители
Европската Комисија утре треба да објави насоки и препораки за земјите членки кои тие треба да ги земат предвид во рамите на нивните стратегии за излез од сегашните мерки на изолација на граѓаните
Белгија продолжува да бележи голем број смртни случаи предизвикани од Ковид-19, но и намалување на бројот на хоспитализирани лица
Употребата на медицински маски може да ја намали брзината на ширење на смртоносниот коронавирус, тврди меѓународна група научници, пренесува списанието „Натурал медицин“ (Natural Medicine)
Бројот на заразени со Ковид-19 во Африка достигна до 10.075 случаи, од кои 487 смртни, соопшти на Твитер Африканскиот центар за контрола и спречување болести
Романија и Норвешка, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија