Романија и Норвешка, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија
Стотици мачки, кучиња и зајаци се пронајдени мртви на пазарите за миленичиња во Пакистан, кои беа затворени откако најголемите градови во државата беа блокирани поради пандемијата на коронавирус
Индија соопшти дека клучните лекови што се тестираат како потенцијални медикаменти против Ковид-19 ќе ги обезбеди за државите кои се тешко погодени од пандемјата, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести „одмазда“ доколку Њу Делхи не ја укине забраната за извоз
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.359.010 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 75.901, а оздравеле 293.454 луѓе.
Епидемијата на коронавирусот го одложи и одбележувањето на 7 април – Денот на словенечкото знаме
Повеќе од 200.000 луѓе одговорија на повиците во Франција да им се помогне на земјоделците и сточарите со потребната работна сила во текот на летото, изјави министерот за земјоделство Дидиер Гијом
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата во период од еден месец, поради пораст на заболени од коронавирус
Новиот коронавирус, и покрај својата заразност и смртност, не го зголеми стравот на Германците од сериозни заболувања, се вели во деталното истражување на „Р + В“ осигурување
За првпат откако започна пандемијата со коронавирусот, Кина не пријави ниту еден смртен случај во изминатите 24 часа
Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан изрази загриженост поради вонредните закони донесени од Унгарија, што му дадоа на премиерот Виктор Орбан особено високи овластувања