Нема промени во здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон, изјавија двајца извори, блиски до шефот на британската Влада, откако синоќа тој беше преместен на Одделот за интензивна нега во болницата „Свети Томас“ по влошувањето на симптомите од коронавирусот
Шпански бизнисмен е осомничен за кражба на здравствен и санитетски материјал. Тој, наводно, го продавал истиот на компанија во соседна земја
Во Германија, во изминатите 24 часа, регистрирани се уште 3.834 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 99.225
Министрите за финансии во еврозоната, се очекува денеска да се обединат околу три брзи механизми за да и помогнат на економијата во момент на пандемијата на новиот коронавирус
Австрија се соочува со групна тужба од околу 2.500 туристи, поради лошиот пристап за време на пандемија на коронавирусот, во популарниот австриски скијачки центар Ишгл во Тирол, пишува Си-ен-ен
Советот за безбедност на ОН в четврток ќе одржи состанок за новиот коронавирус, првиот на кој ќе се разговара за можното влијание на пандемијата врз меѓународната безбедност
Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој се поддржува употребата на ресурси од Месечината и другите небесни тела
Италијанската Влада синоќа донесе одлука за деблокирање на 400 милијарди евра за да им се помогне на деловните субјекти да се справат со епидемијата на коронавирусот
Во последните 24 часа во Кина не е евидентиран смртен случај од Ковид-19, што е првпат од почетокот на објавување на статистичките податоци
Данска планира да олесни дел од карантинските мерки наметнати поради новиот коронавирус