Пожар, што се појавил на тревната површина на Меѓународен аеродром во југозападна Флорида, уништил илјадници автомобили за изнајмување, соопштија претставници на противпожарната служба.
Претставникот на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, денеска изјави дека државите кои планираат да ги прекинат своите мерки за ограничувања и изолација на населението тоа треба да го прават постепено.
Од почетокот на епидемијата со коронавирусот во САД, од крајот на јануари, во оваа земја веќе умреле над 10.000 лица, соопшти денеска Универзитетот „Џон Хопкинс“.
САД ја прогласија „Руско империјално движење“ (РИД) за терористичка организација, соопшти Њујорк тајмс повикувајќи се на висок претставник на Стејт департментот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да прогласи нови, многу построги ограничувања на движењето, спречувајќи ги на тој начин сите патувања меѓу градовите од вечерва до петок наутро, з авреме на славењето на еврејскиот празник Пасха.
Светската здравствена организација преку соопштение денеска најави дека наскоро ќе испрати нови упатства за користење на заштитните маски во борбата против коронавирусот.
Сирија го одложува ослободувањето затвореници, како дел од амнестијата што ја прогласи претседателот Башар ал-Асад заради стравот од масовни инфекции доколку коронавирусот се прошири во преполните затвори, соопштија денеска групите за заштита на човековите права.
Бројот на активни американски војници кои се заразени со Ковид-19 во текот на изминатиот викенд надмина илјада, соопшти денеска Пентагон.
Поради епидемијата од коронавирус, властите во Флорида ги повикаа жителите да држат физичко растојание во должина од „еден крупен алигатор“.
Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изразија одлучност да ја подобрат координацијата во борбата против ширењето на коронавирусот, соопшти прес службата на Кремљ.