Осуммина пратеници во украинскиот Парламент се заразени со коронавирус, изјави пратеникот Александар Качура.
Јужна Кореја пријави помалку од 50 новозаразени првпат по врвот на епидемијата кон крајот на февруари, а Светската здравствена организација ја пофали борбата против ширењето на болеста во една од првите тешко погодени земји.
Потпретседателот на полската Влада, лидер на еден од двата коалициски партнери на владејачкта партија Право и правда, Јарослав Говин денеска поднесе оставка поради инсистирањето на владејачките конзервативци предводени од Јарослав Качински да се одржт избори на 10 мај, бидејќи сегашниот претседател Анжеј Дуда има шанси повторно да биде избран во првиот круг.
Девет научни центри во Белгија од денеска започнуваат со студија на лекови за реума во борбата против новиот коронавирус, Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Владата на Шведска бара да располага со поголема извршна моќ, вклучувајќи и надлежност да ги затвори аеродромите и железничките станици, без согласност од Парламентот, во борбата против коронавирусот, изјави шведската министерка за здравство Лена Халенгрен.
Германија подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата.
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека ќе издаде друг указ за продолжување на вонредната состојба за уште еден месец, јави Агерпрес.
Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Иран се зголеми на 3.739, соопштија властите.
Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, прецизираше денеска дека постоечките ЕУ санкции врз Русија не претставуваат пречка за Москва да се бори против пандемијата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шефот на американската Служба за јавно здравје на САД, Џером Адамс денеска го спореди терористичкиот напад на 11 септември 2001 година и нападот на Перл Харбор со она што очекува Американците да го сторат во следната недела за борба против епидемијата на коронавирусот.