Изреалската полиција денеска постави метални барикади на улиците на градот Бнеи Брак, за да го спречи целосното движење во овој ултраортодоксен град, што е тешко погоден од коронавирусот
САД престануваат со издавање патни исправи, освен во случаи на итна потреба, јави Си-Ен-Ен
Израелската полиција рано утринава го уапсила палестинскиот министер Фади ал-Хадми, кој во Палестинската управа е задолжен за Ерусалим, бидејќи наводно ја прекршил израелската забрана за палестинските политички активности во источниот дел на овој град
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изрази надеж дека за лекување на Ковид-19 наскоро ќе може да се користат лекови со насочено дејство, бидејќи е убеден дека лекот ќе се појави на пазарот пред вакцината
Француските здравствени власти ги дадоа првите официјални бројки за бројот на смртните случаи во старските домови од почетокот на кризата. Според нецелосните бројки, досега починале најмалку 884 стари лица од коронавирусот, а најмалку 14.638 лица се „потврдени или можни“ случаи на заболување
Гугл објави извештаи за состојбата во март во 131 држава од светот за тоа дали се намалила посетеноста на продавници, паркови и други места, откако многу влади наредија да се остане во домовите за да се спречи ширењето на коронавирусот
Вулканот Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по втор пат годинава
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ предупредува дека слободата на печатот не смее да биде поткопана со мерките за борба против дезинформациите за КОВИД-19
За разлика од другите земји, каде купувачите ја разграбуваат тоалетната хартија штом се стави на полиците, Шпанците купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколади, јави ДПА, појаснувајќи дека не е познато дали прават резерви или едноставно повеќе ги конзумираат во овој период
Австриската полиција строго ги спроведува мерките за ограничување на движењето, кои Владата во Виена ги воведе со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, и немилосрдно го казнува секој што ќе ги прекрши