Сега преминуваме од здравствена на економско-социјална криза. Граѓаните ја чувствуваат и навистина се загрижени, изјави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, предупредувајќи дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне, доколку се распадне Милано.
Во Франција во моментов на болничко лекување се 26.646 лица заболени од коронавирусот, бројот на примени на интензивна нега малку се намали во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.
Цвеќарниците во Италија може да отворат и да ги продаваат своите производи, јави телевизијата Раи Њуз 24.
Според весникот „Гетеборг постен”, новото производство ќе биде со 3Д (3D) печатачи.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.000.177 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 51.356, а оздравеле 210.199 луѓе.
Тринаесет партии членки на Европската народна партија, најголемото политичко семејство во ЕУ, денеска повикаа на исклучување на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Новиот коронавирус Ковид 19 се пренесува од болни на здрави лица многу поретко при релативна влажност на воздухот од 40 до 60 проценти отколку при пониска или поголема влажност.
Научници од повеќе западни земји испитуваат дали вакцината против туберкулоза помага во борбата против коронавирус, бидејќи во земјите со задолжителна вакцинација против туберкулоза е забележана помала смртност од Ковид-19, јави денеска „Блумберг“.
Откако, повеќе француски општини започнаа да ги дезинфицираат улиците, практика позајмена од Кина или Јужна Кореја, Високиот совет за јавно здравје, по барање на Владата, треба да даде свое мислење дали ова е корисно или не.
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборгини денеска објави дека почнал со производство на маски и медицински визири.