Светска банка денеска го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди американски долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка.
Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во сооштение на Твитер укажа дека Русија и Саудиска Арабија може да постигнат договор околу цените на нафтата.
Воената команда на НАТО во Европа ќе се придружи во напорите за спречување на епидемијата од Ковид-19.
Лажните информации за коронавирусот го преплавија интернет, па експертите предлагаат воведување филтрирање на информации или „информациска хигиена“, јави Би-Би-Си.
Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во американската држава Њујорк се зголеми за 432 во изминатите 24 часа на 2.373, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.
Речиси 7.000 лица во таа држава се позитивни на Ковид-19, додека броот на починати од тој вирус е 34.
Претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани е ставен во карантин откако бил позитивен на тест за новиот коронавирус.
Силниот дигитален надзор за контрола на пандемијата на коронавирусот мора да биде ограничен во време и обем, порачаа денеска повеќе од 100 невладини организации, предупредувајќи ги владите да не ја користат оваа криза за нарушување на слободата на човековите права.
Хакери најверојатно блиски на иранската Влада се обиделе да влезат во личната е-пошта на персоналот на Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемијата на новиот коронавирус, изјавија за западни медиуми извори запознаени со тој случај.