Во Германија нагло се зголеми бројот на заразени со новиот коронавирус со регистрирани 2.660 нови заразени и 31 смртен случај.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изјави дека се одобрени околу девет милијарди евра од помошта ветена во рамките на владиниот антикризен пакет за намалување на економските последици од пандемијата на коронавирусот.
Европскиот парламент најави дека ќе одржи вонреден состанок на 16 и 17 април во Брисел со цел усвојување резолуција за епидемијата Ковид-19, како и за можните нови предлози од Европската комисија за справување со последиците од ширењето на инфекцијата.
Генералниот директор на „Боинг“, Дејвид Калхун најави денеска спроведување на план за доброволно заминување на вработени, со цел компанијата да ги надмине последиците од новиот коронавирус и да се подготви за зајакнување по завршувањето на здравствената криза.
Повеќе од 75 проценти од клучните кинески компании во надворешно-трговскиот сектор го продолжија работењето откако епидемиолошката состојба во земјата се подобри, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија Лиу Чанџу на денешниот брифинг за новинарите.
Во Велика Британија, според најновите податоци, починаа уште 600 лица заразени со коронавирусот.
Херстапе, најмалото село во белгиската покраина Лимбург, од избивањето на епидемијата на Ковид-19 досега нема ниту еден заразен со новиот коронавирус.
Твитер денеска отстрани илјадници сметки од Србија, Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија за постапување според владини директиви или за промовирање провладина содржина.
Во САД како последица на пандемијата на Ковид-19 без работа останаа 6,6 милиони луѓе.
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји изјави дека сите партнери на ЕУ од Западен Балкан го потврдиле нивното учество во Договорот за заеднички набавки кои се однесуваат на медицинска опрема.