Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Епидемијата на коронавирус е единствен предизвик за Европската унија, каде традиционалните решенија се покажаа како несоодветни, изјави денеска унгарската министерка за правда, Јудит Варга, како одговор на изјавата потпишана од 13 земји-членки на ЕУ за мерките преземени против епидемијата.
По силните критиките во јавноста, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска експлицитно изрази загриженост за ситуацијата во Унгарија, каде власта ја искористи вонредната состојба за да ја зајакне својата моќ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Поради пандемијата на коронавирусот, зголемени се криминалните активности, при што оваа криза се користи за личен профит. Поради тоа, зголемен е онлајн надзорот на педофилите и криминалците, се наведува во извештајот на Европол.
Лекар од болницата во италинскиот град Месина ја убил пријателката бидејќи сметал дека го заразила со коронавирус.
Повеќе од 95 проценти од починатите од последици од новиот коронавирус во Европа имале над 60 години, но погрешен е ставот дека со Ковид-19 се заразуваат само повозрасните лица, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светска здравствена организација во Европа, д-р Ханс Клуге.
Украина денеска ја повика Русија да ги исполни безбедносните обврски согласно Договорот од Минск и да обезбеди траен прекин на огнот во Донбас.
Следниот буџет на Европска Унија би требало да има форма на нов Маршалов план, со цел да се поттикне заздравување на Европа од кризата предизвикана од новиот коронавирус, изјави денеска претседателката на Европска комисја, Урсула фон дер Лајан.
Премиерот на Чешка Андреј Бабиш оцени, врз основа на статистиката и моделите на епидемиолозите, дека животот во Чешка би можел да се врати во нормална состојба до крајот на мај или почетокот на јуни.
До крајот на јуни во светот, заради пандемијата од коронавирусот, се откажани повеќе од два милиона летови, што ќе предизвика загуби од околу 252 милијарди долари, се наведува на сајтот на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).