Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските лидери на дијалог, заканувајќи се дека во спротивно тие ќе се соочат со непријателски активности, јавија агенциите
Укинати се забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила сега има само на патниот правец Маврово-Дебар
„Бритиш Ервејз“ размислува привремено да отпушти 36.000 вработени, јави Би-Би-Си
Американскиот милијардер Бил Гејтс во авторски текст во „Вашингтон пост“ предупредува дека САД ја пропуштиле можноста да бидат чекор пред новиот коронавирус, но оти се уште не е доцна да се донесат важни одлуки од кои ќе зависи бројот на смртни случаи, но и заздравувањето на економијата
Повеќе од 12.000 лица аплицирале за астронаути во новата програма на НАСА- „Артемис“, соопштија од вселенската агенција, јави ДПА
Само околу половина од жените во светот можат да донесат сопствена одлука за согласноста на сексуален однос и здравствена заштита, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека ограничените права во толкав обем и стојат на патот на родовата рамноправност
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вчера бил многу тажен ден за Британците поради големнит пораст на заболени лица од новиот коронавирус
Маж од американската сојузна држава Мисури е обвинет за терорисичка закана откако кашлал врз купувачи и напишал Ковид на фрижидер во една продавница
Кина криела за големината на епидемијата во земјата и прикажувала некомплетни бројки на заразени и смртни случаи, се дознава од извештај на американските разузнавачи, јави синоќа „Блумберг“
Антималарикот хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорокин дериват можат да се користат само во третманот на Ковид-19 во клинички испитувања и во „програми за итни случаи“, предупреди денеска Европската агенција за лекови (ЕМА)