Во САД бројот на заразени надмина 200.000. Во последните 24 часа починале 463 лица, а бројот на новозаразени е 16.000.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден, најверојатен претседателскиот кандидат од демократите, смета дека коронавирусната пандемија суштествено ќе ја промени програмата или презакаже јулските партиски собири на демократите, кога официјално се номинира претседателскиот кандидат.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва ја продолжи мерката за општа изолација во државата најмалку до 13 април.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Арлем Дезир и шефот на мисијата на ОБСЕ во Србија, Андреа Орицио, денеска изразија загриженост за новата одлука на српската влада за информирањето за време на вонредната состојба со пандемијата на коронавирус и влијанието која одлуката може да ја има врз слободниот пристап до информации.
Светската здравствена организација денеска предупреди дека има речиси експоненцијална прогресија на пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, додека бројот на смртните случаи се зголеми за повеќе од двојно за една недела во светот.
Околу 16.000 луѓе можат да ги загубат животите од коронавирусoт во Њујорк, изјави гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.
Во најновиот извештај за епидемијата со Ковид -19 во Франција за изминатите 24 часа, стои дека има нови 509 смртни случаи, а 6.107 лица се на интензивна нега јави дописникот на МИА.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Иран и неговите сојузници да не ги напаѓаат американските трупи или имотот во Ирак, наведувајќи ја можноста за изненаден напад врз Иран, но без да даде други детали.
По прекинот н апроизводството во фабриките и затворањето на продавниците како резултат на пандемијата на коронавирус, францускиот автомобилски пазар падна за 72 отсто во март, јави дописникот на МИА.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предупреди дека ќе и нареди на полицијата и војската да пукаат во секој што „предизвикува проблеми“ во периодот на едномесечниот карантин во земјата поради коронавирусот.