Крајбрежната стража на САД им нареди на сите крузери во американски води да останат на море поради епидемијата на Ковид-19.
Наменет најпрво за медицинскиот персонал, тој треба да им овозможи да откријат дали се имунизирани од Ковид-19.
Компјутерски хакери ја нападнаа италијанската веб-страница за социјално осигурување, поради што таа денес „падна“, во момент кога луѓето почнаа да аплицираат за бенефиции поврзани со епидемијата на коронавирусот.
Ограничувањата поради новиот коронавирус може да траат „еден, два, три месеци“, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.
Повеќе синдикати повикуваат на штрајкови во супермаркетите во Белгија, поради предлогот тие да бидат отворени од седум наутро до 22 часот навечер, додека полицајците се жалат дека работат без неопходна заштитна опрема.
Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер и се закани на Унгарија со укинување пари од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби.
Француското национално собрание формираше Парламентарна мисија за управувањето со епидемијата со коронавирусот.
Во земјата има вкупно 29.474 заразени луѓе.
Норвешките лутерански бискупи денеска одобрија црквите да се користат и за граѓански погреби за време на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Бискупите велат дека тоа е порака на солидарност со другите верски заедници.
На Германија и се заканува недостиг од овошје и зеленчук поради забраната за влез на сезонски работници, а германското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека бара начин како на работниците од источниот дел на Европа да им се дозволи да дојдат на работа во земјата.