Белгиските медиуми јавуваат дека 24-годишен медицински брат во Брисел се нашол на улица преку ноќ откако неговите цимери ја смениле бравата додека бил на работа, од страв да не ги зарази со коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Округот Лос Анџелес повторно ги отвора продавниците за оружје за граѓаните откако минатата недела беа затворени поради мерките за запирање на ширењето на новиот коронавирус.
Во кинескиот град Вухан, каде во декември изби првото жариште на коронавирусот, жителите полека излегуваат од домовите, со желба сами да купат свежи намирници по повеќенеделен живот во изолација, кој подразбирал и достава на храна.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да помогне во решавање на војната за цената на нафтата што ескалира меѓу Русија и Саудиска Арабија, јавуваат француските медиуми.
Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања на 25.000 лица дневно, изјави министерот за здравство Роберт Џенрик.
Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен.
Кинеската Национална здравствена комисија денеска соопшти дека во последните 24 часа пријавени се 130 асимптоматски случаи, со што вкупниот број на такви случаи се искачи на 1.367, кои се под медицинско набудување.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД пропуштиле историска можност да ги укинат санкциите кон Иран за време на епидемијата на коронавирусот.
Двајца локални службеници во американските дипломатски мисии во странство, еден во Индонезија и еден во ДР Конго, умреле од последици на коорнавирусот, соопшти Стејт департментот.
Бројот на новозаразени од коорнавирусот во Јапонија забразнао се зголемува и земјата се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба, изјави шефот на кабинет на премиерот Јошиде Суга.