Апликацијата за видео конференции Зум се најде под високо ниво на контрола поради нејзината популарност за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи во моментов милиони луѓе ја користат за работа од дома или за онлајн настава, јави Би Би Си.
Жена од Холандија, која има 101 година, била примена в болница пред десетина дена, поради зараза со коронавирус, и со тешкотии во дишењето. Но, таа оздраве и сега ќе може да ја напушти болницата.
Во Србија во изминативе 24 часа се зголемува бројот на тестирни лица и од 810 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 160 лица, со што од 4371 тестирани вкупниот број на заразени со коронавирус се искачи на 1060 лица, изјави на денешната прес конференција докторката Дарија Кисиќ од владиниот кризен штаб за борба со вирусот Ковид-19.
НАТО ќе ја забрза испораката на медицинска помош на сојузниците кои се најмногу погодени од вирусот, но мора да се фокусира на одбрана на Европа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Медиумите и граѓанското општество упатија силни критики за претседателката на Европската комисија поради тоа што во изјавата со која се осудува загрозувањето на демократијата во Унгарија, таа ниту еднаш не го спомна експлицитно името на оваа држава, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Постои ризик од „недостиг на храна“ во светот, како резултат на влијанието на коронавирусот врз светската трговија и синџирите на снабдување, предупредија Светската здравствена организација (СЗО), Обединетите нации и Светската трговска организација (СТО).
Американските полициски сили открија 600-метарски тунел за криумчарење под мексиканската граница, во близина на гратчето Сан Диего, запленувајќи дрога во вредност од околу 30 милиони долари, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на САД за имиграција и гранична полиција.
Шпанија денеска надмина нова психолошка граница од 9.000 починати и повеќе од 100.000 зразени, два месеци откако се појави вирусот во земјата, а веќе петти ден по ред починуваат повеќе од 800 лица.
Тим кинески научници изолираше неколку антитела, за кои се тврди дека се „исклучително ефикасни“ во спречување на продирањето на коронавирусот во клетките. Ваквите сознанија можат да бидат употребени за лекување и превенција на заразата со овој вирус.
Белгиските медиуми јавуваат дека 24-годишен медицински брат во Брисел се нашол на улица преку ноќ откако неговите цимери ја смениле бравата додека бил на работа, од страв да не ги зарази со коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.