Фрацускиот претседател Емануел Макрон при посетата на претпријатието Колми-Хопен, кое произведува хируршки и ФФП2 маски во Сант Бартелеми д’Анжу, побара Франција да има целосна независност при производството на маски до крајот на годината, јави дописникот на МИА.
Британската авиокомпанија „Бритиш Ервејз“ времено ќе ги прекине сите летови од аеродромот Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Велика Британија, поради епидемијата на коронавирусот.
Јапонскиот владин совет денеска предупреди дека која било голема ерупција на вулканот на планината Фуџи би можела да исфрли толку многу пепел врз Токио за да го наруши копнениот сообраќај во траење од три часа.
Европа испорача медицинска опрема за Иран во рамки на механизмот за размена Инстекс, кој е првпат употребен и овозможува избегнување на американските санкции, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.
Советот за безбедност на Обединети нации првпат во историјата воведува гласање преку електорнска пошта за време на пандемијата со новиот коронавирус.
Неименуван претставник на јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи денеска изјави дека најверојатно во севернокорејското Министерство за надворешни работи е формирано ново одделение за нуклеарните преговори со САД.
Здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа починале уште 98 лица од коронавирусот, меѓу нив и 12-годишно девојче, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германија во борба со коронавирусот ја воведува стратегијата што ја избра Јужна Кореа, што се сведува на многубројни тестирања и сместување на заболените во карантин, за да спречи преоптоварување на болниците.
Експертите велат дека новиот коронавирус мутира, како и сите други вируси и сега има осум видови што кружат низ целата планета.