Д-р Дебора Биркс, член на Координативниот штаб за борба со коронавирусот во Белата куќа, на редовниот прес брифинг синоќа објави прогноза дека, доколку во САД не се прави ништо, можно е да се заразат од 1.6 до 2.2 милиони лица, од кои од 100 до 200 илјади би починале
Црна Гора – Донесена привремена мерка за заштита на граѓаните – забрана за напшуштање на домовите од 19 до 05 часот. Во викендите од 13 до 05 наутро.
Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговот руски колега, Владимир Путин денеска разговараа телефонски при што ги разгледаа состојбите на нафтените пазари во светот и проблемот со ширењето на коронавирусот.
Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца рече дека националниот карантин наметнат за ограничување на ширењето на коронавирусот ќе биде продолжен барем до Велигден, јави ДПА.
Финска ќе ги продолжи веќе донесените ограничувања поради коронавирусот за еден месец – од 13 април до 13 мај, изјави денеска финската премиерка Сана Марин.
Во Германија почнува исплата на помош за малите работодавци и трговци поединци чии бизниси пропаднаа во екот на пандемијата на Ковид-19.
Франција денеска го помина прагот од 3.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата со коронавирусот.
Блокадите и строгите мерки спроведени во Италија во текот на изминатите две недели треба да ја стабилизираат епидемијата на коронавирусот, но ќе биде потребно внимателно следење. Тоа го изјави денеска извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан.
Шпанската Влада со пакет од 700 милиони евра сака да им помогне на приватните закупци на станови за време на кризата предизвикана од коронавирусот и, најверојатно, ќе го прекине иселувањето и плаќањето наемнина за неколку месеци, наведе денеска владин извор.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 742.283 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 35.339, а оздравеле 157.043 луѓе.