Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша Законот за пакет економска помош во висина од две илјади милијарди долари, со што треба да се намалат економските последици од новиот коронавирус во САД
Регионалната Влада на Северна Ирска планира да дозволи повторно да се отворат специјализираните продавници за алкохолни пијалаци, соопшти денеска министерот за правда.
Европа мора да усвои нови мерки за справување со заканата од коронавирусот, им порача денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела на лидерите на Европската унија, нагласувајќи дека тие мора да дејствуваат пред да биде предоцна.
Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп денеска имаа телефонски разговор пти што се согласија да истражат можна соработка во борбата против пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролот на германската Влада.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 585 илјади луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 26.827, а оздравеле 131.428 лица.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 566.064 лице се заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 25.422, а оздравеле 129.357 лице.
Повеќе од половина милион луѓе во светот се заразени со коронавирусот, а 20.000 починаа, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебрејесус.
Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, објави дека во Франција досега имало 1.995 смртни случаи од „Ковид-19“, од кои 299 смртни случаи во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.
Премиерката на Белгија, Софи Вилмес, по средбата на Советот за безбедност, најави дека владата донесе одлука да се продолжат мерките на изолација на населението до 18 април, со можност за дополнително продолжување до трети мај доколку не се смири пандемијата до тогаш, јави дописничката на МИА во Брисел.
Канадската Влада ги зголеми субвенциите за малите и средните претпријатија за исплата на платите на вработените од 10 на 75 отсто од платниот фонд на фирмите пред избувнувањето на пандемијата со Ковис-19.