Исклучоци ќе се прават за лица кои ќе бидат во дипломатска или официјална посета, како и за лица што имаат „Ц“ виза.
Во Италија денеска се потврдени 6.153 нови случаи на заразени со коронавирусот, а 662 лица починале.
Претседателите на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет Шарл Мишел за време на разговорот со лидерите на Г20 ја истакнаа потребата за итен, масовен и координиран глобален одговор на кризата со Ковид – 19.
Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, одржа прес конференција преку видео врска на која се осврна на состојбата со коронавирусот и последиците со кои ќе треба ЕУ да се справи во иднина.
Во соопштението се додава дека тој повторно изразил задоволство од одлуката на Советот на ЕУ за отворање преговори за пристапување со Албанија и Македонија.
Еден од најстарите пациенти заразени со вирусот Ковид-19, 101-годишен маж од италијанскиот град Римини, се опорави од вирусот, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Бројот заразени со коронавирусот во северниот дел на Италија, Ломбардија, во кој се наоѓа финансиски центар Милано, денеска е зголемен за околу 2.500, соопшти регионалниот гувернер Атилио Фонтана.
Путин предложи создавање на посебен фонд под контрола на Меѓународниот монетарен фонд за да им се помогне на земјите погодени од пандемијата.
Водечкиот специјалист за инфективни заболувања во САД, Антони Фаучи, изјави дека пандемијата на коронавирус што го погоди светот, може повторно да се појави и тоа во многу посилна форма, ако не се преземат неопходните мерки.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека буквално секое реално сценарио за епидемија на коронавирусот ќе го надмине постоечкиот болнички капацитет на државата и оти тој ќе ги зголеми капацитетите секаде каде што може.