Бројот на починати сега изнесува 3.434 – поголем од Кина.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 441.372 луѓе заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 19.766, а оздравеле 112.036 лица.
Референдумот за усвојување на уставните амандмани, што го вклучува и оној за реизбор на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде одложен за време на кризата со коронавирусот, соопшти денеска претседателот, пренесе ДПА
Претседателот на израелскиот Парламент, Јули Еделстајн денеска поднесе оставка по седум годишен мандат на таа функција, избегнувајќи на тој начин да го изврши барањето на Врховниот суд и да свика гласање за своја смена.
Европската комисија усвои одлука за усогласување на стандардите за медицинска опрема, што треба да им овозможи на производителите да пласираат производи со високи перформанси на заедничкиот европски пазар со цел заштита на пациентите, здравствените работници и граѓаните.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео потврди дека иранските власти протерале од земјата претставници на хуманитарната организација „Лекари без граници“, кои помагале во борбата против новиот коронавирус.
Најмалку две лица загинаа кога бомбаш самоубиец влегол во продавница за чај во сомалискиот главен град Могадишу и активирал експлозивна направа.
Синагогите во Израел ќе бидат затворени како дел од зголемените мерки за борба против коронавирусот што земјата планира да ги воведе.
Нормалните капацитети на земјите членки на Европската унија можат да задоволат само 10 отсто од побарувачката за заштитна опрема и други медицински помагала како што се вештачки респиратори, јави дописникот на МИА.
Се повеќе и повеќе Французи сметаат дека Франција не е подготвена да се соочи со коронавирусот (73 отсто) и помалку од половината сега и веруваат на извршната власт во управувањето со кризата, покажа анкетата на „Елабе“ објавена денеска, јави дописникот на МИА.