Утре, 28 ноември, четвртиот четврток во ноември, САД ќе го прослават Денот на благодарноста, а домородците ќе го одбележат Денот на жалоста
Оддржувањето на НАТО е од исклучително значење за Германија, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, откако францускиот претседател Емануел Макрон во интревју за „Економист“ пред три недели кажа дека НАТО „доживеа мозочна смрт“
Англиската компанија Де Ла Руе, кој печати пари за вкупно 140 земји во светот, соопшти дека е на работ на колапс
Вкупно 40 отсто од европските граѓани изјавиле дека заштитата на животната средина е најважната тема на која треба да се фокусира идната Европска Комисија, открива последната анкета на јавното мислење на Фондацијата Бертелсман
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соoпшти дека заработил речиси три милијади долари од продажбата на 3,6 отсто од сопственичкиот удел на купувач чиј идентите не се кажува
Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) ќе отпушти една четвртина од вработените во својата партиска централа, но ќе ги остави, со поевтини договори, инаку скапите екстерни советници
Повеќе од 7.000 луѓе се уапсени во Иран за време на протестите што се проширија низ целата земја, а министерот за внатрешни работи на земјата тврди дека демонстрантите сакале да ја преземат и државната телевизија
Најбараниот дилер на дрога во Рио де Женеиро и петмина негови соработници се убиени во полициска операција спроведена вчера, соопштија бразилските власти
Последно номинираниот кандидат во американската Демократска партија за претседателските избори следната година, Мајкл Блумберг, вчера изјави дека САД имаат потреба од „страшно многу повеќе имигранти, а не од помалку”, пренесоа американските медиуми
Поранешниот вицеканцелар на Австрија, кој беше принуден да поднесе оставка поради корупциската афера „Ибица“, Хајнц-Кристијан Штрахе работи на своето политичко враќање, јавуваат локаните медиуми