Саудиска Арабија денеска официјално објави излегување на берза на државниот нафтен гигант Сауди Арамко
Министерството за правда на САД објави преглед на сослушувањата и е-поштата вклучени во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводно руско мешање во претседателските избори во 2016 година, по судска одлука од спор со Си-Ен-Ен и со „БузФид Њуз“
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп драстично го намали бројот на бегалци кои ќе можат да влезат во САД оваа фискална година. Тој број се намали на 18.000 луѓе, јави ДПА
Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон води убедливо во анкетите на јавното мислење во однос на опозициската Лабуристичка партија и другите партии
Европската унија ќе формира централно тело за борба против активности на перење пари, по низата скандали со висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на „валкани пари“ преку нејзините банки
Салвадор им нареди на дипломатите oд Венецуела да ја напуштат државата за 48 часа
Бугарија денеска испрати протестна нота до Франција во врска со изјавата на претседателот Емануел Макрон за францускиот неделник „Валеус актиел“ во која се споменуваат „бугарски илегални филијали“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Руската православна црква објави дека го прекинува екуменскиот дијалог со архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, рече митрополитот Иларион, раководител на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.
Шкотската прва министерка, Никола Старџен, им порача на илјадници приврзаници во Глазгов денеска, дека бара нов референдум за независност и дека независноста на Шкотска е „на дофат“.
Лидерите од земјите на Асоцијацијата на држави на Југоисточна Азија (АСЕАН) повикаа денеска на самит во Бангкок за отворање регионален пазар