Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и рускиот претседател Владимир Путин најавија економски иницијативи, но немаат напредок во решавањето на деценискиот територијален спор, кој се однесува на Курилските Острови
Најмалку три лица починаа од големите горештини во централна и северна Италија, додека во Милано за 35 отсто е зголемен бројот на лица кои во болниците и здравствените установи побарале помош поради проблеми предизвикани од високите летни температури
Германската канцеларка Ангела Меркел дефинитивно прифати дека нејзиниот сонародник Манфред Вебер нема да биде новиот претседател на Европската комисија, пишуваат германските медиуми
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис утрово имал незгода, ја скршил бутната коска и ќе биде опериран
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро
Шпанските власти денеска соопштија дека е локализиран шумскиот пожар во Каталонија, најголем во тој регион во последните 20 години
Најмалку 16 работници и членови на нивните семејства загинаа во западна Индија, откако врз бараките во кои се сместени се урна ѕид висок 23 метри, по обилните врнежи од дожд
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги поздрави лидерите на Г-20 кои успеаја да останат при заедничкиот став за климатските промени од последниот самит во Аргентина и тоа што 19 земји се обврзаа да го почитуваат Парискиот климатски договор, освен САД кои останаа против
Лидерите на земјите од Г-20 успеаја на самитот во Осака да усвојат заеднички пристап за решавање на проблемите и истовремено да не ги зголемат постојните разлики, рече јапонскиот премиер Шинѕо Абе, на крајот од самитот
Русија нема агресивни намери кон кого било, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака