Четири лица, осомничени за соборување на малезискиот авион МХ17 во јули 2014 година, ќе се соочат со обвиненија за убиство на судењето што е закажано во март следната година во Холандија
Високaтa претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини, во Вашингтон зборуваше со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, за серија меѓународни и регионални прашања, вклучувајќи го и Западен Балкан
На поранешниот претседател Никола Саркози ќе му се суди за „корупција“ во афера откриена преку телефонски прислушувања
Словенечкиот државен холдинг (S SH) објави дека досега продале 10 отсто од НЛБ банка на институционални инвеститори за 109,5 милиони евра во момент кога го заврши процесот на приватизација, оставајќи и на државата сопственост врз контролниот пакет од 25 отсто и една акција
Општ суд на ЕУ во Луксембург пресуди против германската компанија за спортска опрема Адидас во спор со Канцеларијата на ЕУ за заштита на интелетуалната сопственост која одби да регистрира знак на компанијата
Германскиот производител на индустриска опрема Сименс објави дека ќе укине 2.700 работни места од одделите за производство на електрична енергија, од кои 1.400 во Германија
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ја разгледува можноста за воведување ограничувања во односите со Турција како одговор за плановите на Анкара да купи од Русија противвоздушен ракетен систем С-400
Британскиот опозициски лидер Џереми Корбин ќе изврши денеска измена во политиката на својата Лабуристичка партија за Брегзит и ќе поддржи организирање на нов референдум за членство на земјата во ЕУ при секакви околности, пишува весникот „Тајмс“
Американски астрофизичари предупредуваат на можна голема сончева експлозија наредниве сто години, која може да има негативно влијание врз Земјата
Во една од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД, во акција на пристаниште во Филаделфија, американските власти открија 16,5 тони (15 метрички тони) од таа дрога во товарен брод „МСЦ Гајан“