Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ги повика европските земји да ја прекинат соработката со либиската крајбрежна стража сé додека не се обезбедат јасни гаранции за почитување на човековите права во земјата
Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска изјави дека Пекинг е „многу загрижен“ поради состојбата во Персиски Залив и ги повика сите вмешани страни да ги намалат тензиите
Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој вчера почина во текот на судењето, денеска е погребан во тајност во Каиро
Руски борбени авиони Су-27 двапати на јужни и западни граници пресретнале американски бомбардери Б-52, соопшти руското Министерство за одбрана.
Американскиот претседател Доналд Трамп официјално на Флорида ќе ја објави денеска својата кандидатура во обид да ги убеди гласачите да му дадат поддршка за уште четири години да остане шеф на државата.
Четири лица се повредени при пукање во Торонто за време на вчерашната прослава по повод победата на кошаркарскиот тим Торонто Рaпторс, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.
Повеќе од две милијарди луѓе ширум светот се уште немаат пристап до вода за пиење, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека официјална Москва и претходно му порачала на Вашингтон да го отфрли планот за испраќање на дополнителни сили на Блиски Исток, бидејќи во спротивно ризикува војна со Иран.
Новинските организации се соочуваат со предизвикот на технолошките гиганти и се дестабилизирани поради општиот недостиг на доверба, но тие имаат многу поголем проблем – повеќето луѓе не сакаат да плаќаат за онлајн вести.
Во два силни земјотреса, кои ја погодија Кина, загинаа 12 лица, а 134 се повредени, соопштија денеска кинеските државни медиуми, додавајќи дека спасувачките екипи извадиле неколку преживеани од под урнатините.