Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави денеска дека тој е алтерантивата на Борис Џонсон, кој е фаворит во трката за наследник на премиерката во оставка Тереза Меј, бидејќи би направил напори за зделка со ЕУ за Брегзит.
Иран утре ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор, кој САД го напуштија минатата година, објавија ирански медиуми
Во Јужна Америка денеска се случи масовен прекин на снабдување со електрична енергија, поради што милиони луѓе ширум Аргентина, Уругвај, Парагвај и јужниот дел на Бразил останаа без струја
Најмалку 49 лица починале во последните 24 часа во индиската сојузна држава Бихар, во северниот дел од земјата, каде веќе две седмици има екстремно високи температури
Британците сметаат дека поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон е најсоодветниот кандидат за нов лидер на владејачката Конзервативна партија, а со тоа и за иден премиер на Велика Британија, покажуваат резултатите од анкетите објави во денешните изданија на „Сандеј Тајмс“ и „Сан“
Стотици илјади лица излегоа денеска на протестен марш низ улиците на Хонг Конг, за да го искажат своето незадоволство од одлуката на властите на овој автономен кинески регион за носење на закон со кој ќе се овозможи екстрадиција во Кина на лица по кои власите во Пекинг ќе распишат потерници
Најмалку две жени загинаа во невремето што денеска зафати делови на Швајцарија и Франција
Суд во Ерусалим денеска на сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара и изрече парична казна од 15.000 долари поради „злоупотреба на државни средства“
Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во водите на Тихиот Океан, во близина на ненаселениот новозеландски остров Кермадек
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека Русија во текот на следниот месец на Турција ќе и ги достави нарачаните противракетни системи С-400