Казахстанската полиција приведе речиси 100 луѓе, кои излегоа на улиците на престолнината Нурсултан на барање на забранетата политичка партија Демократски избор на Казахстан, соопшти заменикот министер за внатрешни работи Марат Кожаев
Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф денеска изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат трговските врски со Исламската Република, и покрај американските санкции или ќе се соочат со последиците
Десетици илјадници луѓе протестираат денеска на улиците на Хонг Конг, што е најголем протест во последните петнаесет години, а со цел да се спречи усвојувањето на законот за екстрадиција, според кој на осомничени лица може да им се суди во Кина
Поранешниот британски министер за надворешни работи и сегашен кандидат за премиер на таа земја Борис Џонсон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, при неодамнешната посета на Лондон, се обидел со него да разговара телефонски, но тој помислил дека е шега и ја прекинал врската
Продавниците се затворени, а улиците празни во главниот град на Судан – Картум поради почетокот на генералниот штрајк со барање за оставка на владејачкиот Воен совет
Анонимни закани за поставени 16 бомби доби полицијата во Москва денеска меѓу кои е и катедралата Христос Спасител и телевизиската кула Останкино
Привремениот претседател на Молдавија, Павел Филип, денеска објави дека потпишал декрет за одржување предвремени избори на 6 септември
Се поголем број студенти од САД се гладни или се бездомници, според студија од непрофитабилната организација „Hope Center for College, Community and Justice”
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи годишната сесија со прашања и одговори „Директна линија” на 20 јуни, соопшти денеска Кремљ
Молдавскиот Уставен суд го разреши денеска претседателот Игор Додон и го назначи поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател