Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин ја истакна решеноста на неговата Влада да не се откаже од потрагата по речиси 20 јужнокорејски државјани кои се уште се водат како исчезнати, откако нивниот брод потона во Будимпешта минатата недела
За разлика и од многумина „помлади“ од него, коишто би уживале во пензијата, 100-годишниот милијардер Чанг Јун Чунг и по 80 години работен стаж, и натаму сака да оди на работа
Трупите на рускиот Централен воен дистрикт планираат да изведат околу сто воени вежби во следните шест месеци, што е за 40 отсто повеќе во споредба со изминатата половина година
Израел вчера, вторпат во 24 часа ја нападна воздушната база во сириската покраина Хомс, јави сириската новинска агенција САНА
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека претседателот на Економскиот совет на Белата куќа, Келвин Хасет набрзо ќе замине од функцијата, но не ја наведе причината за тоа
Најмалку двајца мигранти се удавија, а 25 се водат како исчезнати откако нивниот гумен чамец потонал кај западниот брег на Либија, соопшти портпаролот на крајбрежната стража Ајуб Касем
Најмалку 52 лица беа ранети во Чикаго од кои осуммина им подлегнаа на повредите, со што овоj викенд е најкрвав во оваа година
Штрајкувачи го блокираа производство во најголемата фабрика на Нутела, соопштија денеска претставници на синдикатот на компанијата
Шефицата на ОН за човекови права Мишел Бачелет ја осуди употребата на смртоносна сила против демонстрантите во Судан
Организација на Олимписките игри во 2036 година во Германија – еден век по Летните игри во 1936 година под нацистите – би било „незамисливо”